еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Црните листи“ на САД и Обединетото Кралство влегуваат во македонското законодавство

Владата го утврди текстот на Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, информираа од таму..

Со измените и дополнувањата на Законот за рестриктивни мерки, во законското решение се додава дека целите на овој закон, покрај обезбедување меѓународен мир, безбедност, демократија, владеење на право, се и борбата против корупцијата, злоупотребата на службената должност, како и хибридни закани врз државата.

Со измените и дополнувањата на Законот, според образложеното од предлагачот, Министерството за надворешни работи, се додаваат и правните акти на САД и Обединетото Кралство – во основите што овозможуваат користење рестриктивни мерки.

Законско решение овозможува користење рестриктивни мерки врз три основи: задолжителни резолуции на Советот за безбедност на ОН, правни акти на ЕУ и другите меѓународни организации, во коишто државата е членка, како и по барања/правни акти на други држави, поврзани само за пролиферација на оружје и тероризам. На овие основи сега се додаваат и правните акти на САД и Обединетото Кралство.

Се предлага и проширување на инструментите, односно додавање две привремени мерки за обезбедување: суспендирање од јавна функција, односно неможност за учество за кандидирање за јавна функција и неможност за учество во јавни набавки, односно аранжмани со државата, во коишто се вклучени државните фондови, пришто се дефинира и процедурата. Ќе следуваат, доколку е потребно и адаптирања на други закони согласно ова законско решение.

Исто така, ако постоечкото законско решение, како рестриктивни мерки предвидува: ембарго, забрана за влез, финансиски мерки, со измените и дополнувањата се додаваат две предвремени мерки за обезбедување. Односно, по добиена информација дека има одреден правен акт од САД, од Обединето Кралство, или од ЕУ – МНР, МВР, Јавното обвинителство и други агенции за национална безбедност и финансиско разузнавање, имаат можност за предложат до Владата рестриктивни мерки.

По донесувањето на рестриктивната мерка, предвидено е Владата да го задолжи предлагачот, да ги собере и да ги пренесе и достави до Јавното обвинителство, сите информации и материјални и нематеријални факти коишто може да ги обезбеди.

Според предложеното во измените и дополнувањата на законот, Јавното обвинителство е должно веднаш да отвори процедура, согласно Законот за кривична постапка, односно согласно роковите и процедурите коишто ги предвидува Законот за кривична постапка – но, согласно предлог измените и дополнувањата што денеска ги утврди Владата, јавниот обвинител е должен до судот да побара веднаш привремени мерки за обезбедување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканската црна листа за лица од Македонија ќе се проширува

Бизнисменот Кочо Анѓушев и неговата фамилија на „црната листа„ на САД

Кој сè освен Самсоненко и Камчева е на црната листа на САД за Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Поларна светлина над Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и БиХ

Редакција

Убава вест: Оздравеле 128 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 97

Редакција

Лавров: Нашата воена операција е за да ставиме крај на целосната доминација на САД

Редакција