Нафтената фирма „Пуцко петрол“, која на јавноста пред се и е позната по бројните јавни тендери кои ги добива, од 2020 година е сопственик на земјиштето на просторот пред поранешната „Алумина“ во скопски Карпош, каде се предвидува драстична промена.
Имено, таму според Деталниот урбанистички план, чија јавна презентација ќе биде на 12. декември е предвидена изградба на објекти за домување и комерцијално-деловна намена и се дозволени високотатници до 35 ката.
Според едно од решенијата за овој простор, таму е предвидена изградба на осум згради, од кои шест се со девет до 14 ката, а две со по 25 до 35 ката.
Фирмата „Пуцко петрол“, која ја води Асмир Јахоски, син на пратеникот на владејачката ДУИ, Исмаил Јахоски, освен со продажба на нафта, е присутна и во бизнисот со градежни материјали и други дејности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата „Пуцко петрол“, која ја зголеми сопственоста во ОКТА
Каков имот поседува семејството кое е сопственик на „Пуцко петрол“
ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки
Фото: Општина Карпош