еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Ќе одговараат ли осомничените за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и за екоцид?

Освен за злоупотреби и перење пари за набавките на мазут за државната ТЕЦ Неготино, вредни 167 милиони евра, ќе одговараат ли и осомничените во овој случај и за едно од најтешките кривични дела – екоцид, е едно од главните прашања во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави приходи и профит остварила „РКМ“ на Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Истрагата која ја отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) треба да покаже дали сопствениците на фирмата „РКМ“, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на фирмата “Пуцко петрол’, Асмир Јахоски, поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство, поранешениот директор на сектор во ЕСМ, Адриан Муча и неколку други лица, кои освен што се осомничени за криминал при овие набавки ќе се гонат и за труење на граѓаните со увоз на мазут со сомнителен квалитет и потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е „Пуцко Петрол„ на Асмир Јахоски, кој е осомничен за перење пари при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино

Засега од ОЈО ГОКК нема таква најава, но имајќи ги во предвид истражувањата на медиумите за овој случај, кои и придонесоа за отварање на оваа истрага, постои веројатност за тоа.

За оваа кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ратко Капушевски, сопственикот на „РКМ“, кој заврши во притвор за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Каков имот пријавил Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут

Имотот на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол„ кој доби домашен притвор, под лупа на Обвинителството, што пријавил татко му?

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Навивачите се посебен свет, да не се доведуваат во корелација односите меѓу двете држави, вели Османи

Редакција

Одложени новите царини на САД за Канада и Мексико, за Кина остануваат

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на Народната банка за набавка на горива вреден 40.000 евра

Редакција