еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако сакате во ЕУ, донесете ги уставните измени, порача Борел од Скопје

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, кој вчера пристигна во Скопје за Самитот на ОБСЕ, ја потсети Македонија за уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е ОБСЕ, чиј министерски Самит почнува денеска во Скопје

-Не треба да постои политичка поделеност за прашањата за Европската Унија. Ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на усвојување на уставните измени и да напредувате за клучните реформи.

Тоа е за сите граѓани, тоа не е нешто што ќе донесе корист за една политичка партија, туку за целиот народ, за Северна Македонија како земја, рече тој на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Потенцираше дека одењето по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над партиските превирања.

-Тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа. Тоа е нешто што и треба на земјата, а со цел да напредувате во пристапните преговори, ќе биде од клучно значење да постои соработка, да се избегне политичката поделеност, и да се слуша Европската Унија.

Можеби не се согласувате со многу работи околу тоа што е демократија и им предлагате на граѓаните различни предлози, но не треба да постои политичка поделеност за прашањата за Европската Унија, рече тој.

Тој исто така подвлече дека напорите за реформи во Македонија е нешто што во Брисел многу се цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа салата во која се одржува Самитот на ОБСЕ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 207 оздравени од Ковид-19

Редакција

За што се подготвува Влатко Ѓорчев?

Редакција

Средба Заев-Гаши: Има напредок во преговорите, но се уште нема договор за влез на Алтернатива во Владата

Редакција