еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид со консолидирани продажби од 268,3 милиони евра, извоз од 183,9 милиони евра и со инвестиции од 28,3 милиони евра во периодот јануари-декември 2023

Алкалоид АД Скопје лани остварил единечни вкупни приходи од 12.765.496 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 10%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2022 година бележат раст од 16%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-декември 2023 година изнесуваат 16.957.698 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 10%.

Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2022 година бележат раст од 16%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-декември 2023 година изнесуваат 11.113.657 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 11%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-декември 2023 година изнесуваат 15.172.038 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 11%.

Од вкупните консолидирани продажби, 69% се остварени на странските пазари.

Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во земјите од Западна Европа (раст од 25%) и во земјите од Источна Европа (раст од 23%).

Остварената единечна нето-добивка во 2023 година изнесува 1.520.547 илјади денари и во споредба со остварената во 2022 година бележи зголемување за 8%.

Остварената консолидирана нето-добивка во 2023 година изнесува 1.576.864 илјади денари и во споредба со остварената во 2022 година бележи зголемување за 8%.

Вкупните инвестиции во основни средства пак за истиот период изнесуваат 1.741.562 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 18%.

-Ваквото зголемување на инвестициите се должи на најголемиот инвестициски проект на Алкалоид во последните 20 години – новото производствено одделение за производство на цврсти форми 2 – со кој се зголемуваат капацитетите за производство на цврсти форми за повеќе од двапати, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид лани имал 232 нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За едно евро по глава на жител, Советот на Општина Охрид ја „фрли“ Планинската спасителна служба

Редакција

Без јавна расправа се „крчка“ нов Закон за данок на моторни возила

Редакција

(Фото) Северина настапи во ABC by Mosh: 70 концерти во 70 општини за 70 години постоење на „Пелистерка“

Редакција