еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Анализа на УХМР: Ноември студен и просечно врнежлив

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија, месец ноември годинава, се карактеризира како студен и просечен во однос на врнежите, со исклучок на југозападниот дел каде месецот е сув, во споредба со многугодишните просечни вредности, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Средномесечната температура се движела од 2,2 степени Целзиусови во Лазарополе до 8,6 во Гевгелија.

Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната ноемвриска температура била 1,0 степен пониска на ниво на држава.

Највисоката максимална температура е измерена на 1. ноември во Гевгелија и изнесуваше 23,3 степени.

Најниската минимална температура од -10,1 степен во текот на месецот е измерена во Берово на 24. ноември.

Во почетокот на месецот среднодневните температури биле повисоки од 10 степени за од 5. да се симнат под 8 степени.

Во ноември, месечната сума на врнежи во државата варираше од 23,3мм во Скопје Зајчев Рид до 132,4мм во Маврово. Врнежите биле застапени во втората и третата декада од месецот и беа од дожд.

Максимално дневно количество на врнежи од 58,6мм било регистрирано во Лазарополе на 21. во месецот.

На 22. ноември било забележена жестока олуја, според податоците од Штип (29м/сек или 104км/час од SE правец), но и на другите мерни места во државата.

Споредено со ноемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 41% под просечната на ниво на држава.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини

Редакција

Убава вест: Оздравени 395 болни од Ковид-19

Редакција

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов

Редакција