еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Битолски „Транскоп“ лани работел со добивка и намалени приходи

Патнички сообраќај Транскоп АД Битола лани имал вкупни приходи од 114.254 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период претходната година, истите бележат намалување од 7,51%, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Од овој приход, на основната дејност на Друштвото отпаѓа најголем дел, односно 112.733 илјади денари или 98.68%.

Оперативните приходи во износ од 114.239 илјади денари бележат намалување од 7,48% во споредба со оперативните приходи во истиот период претходната година.

Финансиските приходи учествуваат со 0.013% во вкупните приходи, велат од таму.

Друштвото остварило нето добивка од 5.020 илјади денари.

-Вкупните расходи од работењето во износ од 108.653 илјади денари, бележат намалување од 8,12% во однос на вкупните расходи во истиот период претходната година.

Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и материјали (гориво и резервни делови) во износ од 34.721 илјади денари и трошоците за вработените во износ од 37.608 илјади денари, кои бележат пораст од 7,68% во однос на минатата година.

Финансиските расходи (камати од кредити) во износ од 2.469 илјади денари бележат зголемување за 7,33% во однос на истиот период од претходната година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патнички сообраќај Транскоп со добивка во третиот квартал

Битолски Транскоп со добивка во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 291 оздравени од Ковид-19

Редакција

Аптеките ќе бидат казнети ако неосновано ги зголемиле цените на маските и на средствата за дезинфекција

Редакција

„Пелистерка“ оствари добивка од 4,8 милиони денари

Редакција