еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Богата програма на Зимска приказна 2024 во Битола, ќе започне од утре и ќе трае до 6. јануари

Зимска приказна 2024 во Битола ќе започне утре и ќе трае од 20 декември до 6. јануари, информираат од Општина Битола.

Годинава, акцентот на Зимска приказна е ставен на поддршката за локалните трговци, угостители и хотелиери. Очекувањата се дека зголемената посетеност на туристи и граѓани ќе има директно позитивно влијание врз локалната економија.

„Зимската приказна е повеќе од празнична програма – таа е можност за Битола да го покаже својот туристички потенцијал. Нашата цел е сите трговци, угостители и хотелиери во градот да почувствуваат економска придобивка. Празничната сезона е шанса за развој на локалниот бизнис, зголемување на прометот и привлекување на нови туристи,“ изјави градоначалникот Тони Коњановски.

Преку зголемување на посетеноста во ресторани, кафулиња, продавници и сместувачки капацитети, се очекува Битола да ја зацврсти својата позиција како туристичка дестинација во зимскиот период.

„Имаме прекрасна 18 дневна програма исполнета со различни настани, кои сигурен сум дека ќе привлечат интерес кај сите генерации, зошто токму такви се и програмските содржини.

Годинава имаме слоган, кој гласи „Празниците живеат во Битола на Зимска приказна“, зошто токму во овие празнични денови, Битола ќе биде вистинска бајка во која ќе се одиграат повеќе театарски претстави, ќе се случуваат детски музички настани, а секако имаме и добри изведувачи, кои ќе ја исполнат и разубават атмосферата во градот,“ додаде Коњановски.

Програмата започнува од утре во 17:30 од пред Офицерскиот дом со Дефиле на Дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште од Битола низ Широк Сокак до плоштадот Магнолија, каде официјално ќе биде отворено лизгалиштето со настап на Танцовиот спортски клуб „Експоуз“ од Битола и многу музички и сценски изненадувања.

„Годинава ги прошируваме и локациите на кои ќе се одвиваат содржините, кои се над 10, сепак задржувајќи ги како главни локации: Платото на Офицерски дом, Широк Сокак, Старата чаршија, Плоштадот Магнолија.

Во програмските содржини имаме соработка со Културно информативниот центар, а ги вклучуваме и дел од основните и средните училишта кои покажаа интерес, детските градинки, приватни едукативни школи, танцови школи, ди џеи, ја доближуваме германската и француската култура, а посебно ставаме акцент на домашната култура и традиција.

Меѓу настаните сакам да ги истакнам настапите на групите „Фолтин“, „Љубојна“, „Ареа“, Некст тајм, „Пауза за ракија“, потоа изведувачите Бојана Скендеровски, Ѓоко Танески и многу други.

Дочекот на Нова година ќе биде со настанот „Ноќ на нови почетоци“ – вечер со Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Димитар Андоновски, дувачки оркестар „Блезери“ и група Фонтана“, додаде Коњановски.

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вицегувернерката Нацевска: Простор за паника од инфлација нема, не треба неосновано да се создаваат ценовни притисоци онаму каде што нема потреба

Редакција

Уште неколку дечиња, па Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски можат да основаат фудбалски клуб

Редакција

(Фото) Општина Центар со најлони против групирање и седење на клупите

Редакција