еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бројот на туристи во Македонија пораснал за 8,7%

Државниот завод за статистика соопшти дека во јули во Македонија имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2  отсто странски туристи. При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.

Во првите седум месеци од 2024 година бројот на туристи е зголемен за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани, при што кај домашните туристи има намалување за 0,5 отсто, а кај странските има зголемување за 13,7 отсто.

Во овој период, пак, бројот на ноќевања е зголемен за 6,1 процент во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 2,7  проценти, а кај странските има зголемување за 9,7 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски – Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Македонија

Редакција

ГМО-лобито ја „превоспитува“ Владата?

Редакција

Социјалдемократот Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Редакција