еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија денеска на избори, Мицкоски „навива“ за Борисов

Денеска во Бугарија, најсиромашната и една од најкорумпираните земји во Европската унија (ЕУ) се одржуваат предвремени парламентарни избори, седми по ред за период од речиси четири години.

Тамошните анкети покажуваат дека и овојпат нема да има победничка партија која може да направи стабилна влада, на која се надева Македонија, а исто така се очекува и слаб одзив на гласачите, до или под 30%.

Се очекува најмногу гласови повторно да освои коалицијата ГЕРБ-СДС, но не доволно за да може да состави влада.

За ГЕРБ на Бојко Борисов, „навива“ и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој изјави дека поддршката за Борисов е природна, со оглед на тоа што и ВМРО-ДПМНЕ и ГЕРБ се дел од истото политичко семејство во Европската народна партија (ЕПП).

„Со партијата ГЕРБ, која ја води Бојко Борисов, сме дел од истото семејство во Европската народна партија, и затоа е логично да посакам успех на уште една партија од нашето политичко семејство.

За разлика од некои други лидери во ЕПП, јас не би соработувал со левичарски опции, како што се случуваше во минатото,“ изјави вчера Мицкоски.

Бугарија не може да состави стабилна влада од 2020 година, а недовербата во изборниот процес во Бугарија е најниска споредено со другите членки на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца позитивни на Ковид-19 во градинка во Штип и двајца во Охрид

Редакција

Чуваат во банка над 30.000 евра: Расте бројот на „богаташи“ во Македонија

Редакција

Поради санкциите за Русија, од ноември и Србија без руска нафта

Редакција