еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Велешки Кристал 1923 со добивка во третиот квартал

Во првите девет месеци од годинава Кристал 1923 АД Велес остварил добивка во износ од 11.636 илјади денари, додека во истиот период од претходната година имал загуба во износ од 26.096 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза.

-За девет месеци оваа година се остварени вкупни приходи во износ од 570.343 илјади денари и во однос на лани за истиот период се намалени за 9%.

Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се намалени.

Расходите за девет месеци оваа година изнесуваат 558.708 илјади денари и во однос на претходната година се намалени за 15%.

Од наведеното може да се заклучи дека добивката произлегува поради зголемување на приходите во однос на трошоците, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешки “Кристал 1923“ ги објави платите на членовите на Одборот на директори

„Кристал 1923„ дупло го зголеми надоместокот на неизвршните членови на Одборот на директори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грипот однесе уште пет животи, вкупно досега 28

Редакција

(Фото) Филипче и Заев даруваа крв по повод 1 Мај

Редакција

Скопскиот аеродром по 7. пат најдобар аеродром во Европа во категоријата на негова големина

Редакција