Општина Центар ги поканува сите граѓани на новогодишна прослава вечера во 20 часот часот, на улицата Боемска 1.
Забавата ќе започне со легендарниот диџеј Александар Јорданов, а Никола Перевски – Пере и Нокаут ќе ја кренат атмосферата до максимум со своите незаборавни хитови.
„Ве чекаме сите вечерва на Боемска 1 на добра журка, заеднички да ја испратиме 2024. година. Овој концерт е одлична можност да се собереме, да се забавуваме и да ја прославиме магијата на празниците.
Со сите вас да ги споделиме последните моменти од годината, а во новата да имаме многу оптимизам и радост. Заеднички да продолжиме да градиме еднакво и солидарно општество“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.