еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Видевски тврди дека не учествувал во киднапирањата и убиствата на Вања и Панче

На денешното рочиште за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес за првпат сведочеше обвинетиот Боре Видевски.

Тој тврди дека е невин и дека не учествувал во киднапирањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, а признал такво нешто, оти го тепале кога бил приведен во полиција.

На денот на киднапирањето на Жежовски бил на работа, а вечерта имал слава. Кажа дека бил на работа и на 22, 23 и 24. ноември лани, а на работа обично останувал до 15 часот.

На 26. ноември, ден пред да биде грабната и убиена Ѓорчевска, бил во Скопје и си заминал вечерта дома. Утредента пак бил во Скопје, во партијата „Десна”, која ја подржувал, затоа што била блиска со неговите ставови.

Тврди дека не ја грабнал Ѓорчевска, како што стои во Обвинието на Јавното обвинителство. Кажа дека спиел и станал во 10 часот. Според Обвинителството на лентата најдена на Ѓорчевска имало негова ДНК.

За таткото на Вања, обвинетиот, Александар Ѓорчевски, кажал дека го знае, под присила.

Со другиот обвинет Велибор Манев, рече дека се знаел одамна, а за снимките од домот на Манев, вечерта пред киднапирањето на Жежовски, рече дека таму разговарале за сознанија, споделени од првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, дека Македонската православна црква ќе си го менувала името.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манев тврди дека незнаел дека Палевски носел пиштол, инаку немало да биде во судница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21-годишно момче од Богомила осомничено за убиство на 60-годишник

Редакција

Во пандемија се зголемуваат часовите кога нема вода за пиење и хигиена во Тетово

Редакција

(ВИДЕО) Како изгледа околината на езерото Младост ден по големиот пожар кај Велес

Редакција