Македонскиот танчер Анди Исмаили (16) од Гостивар викендов по петти пат стана светски шампион во танцување.
Светското првенство се одржа во Киелце, Полска, а Исмаили се натпреваруваше со 72 танчери од целиот свет.
Тој на натпреварот освои доби златен медал во категоријата Performing Arts Improvisation, освојувајќи ја титулата Светски шампион, како и сребрен медал во категоријата Модерен балет – соло момчиња јуниори.
Видео од неговиот настап ОВДЕ.
Анди е член на танцовото студио “Break a Leg” од Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анди Исмаили од Гостивар светски шампион во современ танц за деца
Фото/видео: Фејсбук/Break a Leg
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.