Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска на Инстаграм соопшти дека се бори со рак на дојката, кој и бил дијагностициран од средината на април годинава.
Дека се бори со рак навести и во неколку претходни статуси на социјалните мрежи деновиве.
Досега имала две операции и вели дека ги живее најтешките моменти, задачи и преживувања, но не сака сожалувања.
View this post on Instagram
-Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април, вели таа меѓудругото во видео обраќање.
Вели и дека има 30 сантиметри рез.
-Кој што ве инвалидизира, лузна, белег, која ве потсеќа на животот кој треба да го живеете, вели таа.
Фото/видео: Инстаграм
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.