Синоќа во Тетово е убиен Р.Т., неофицијално на возраст од околу 40 години.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи во него било пукано од возило мерцедес, додека тој бил во неговото возило марка БМВ.
Убиството се случило на улицата Штипска, а истото во полицијата било пријавено во 20:35 часот.
Засега нема детали за мотивот, а според медиумите на албански јазик станува збор за стара пресметка помеѓу две групи и е поврзано со пукањето пред тетовската болница пред неколку месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина еден од браќата ранети во пукањето пред тетовската болница
Видео: Telegrafi Maqedoni Video
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.