Македонскиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано објави нова песна “Жолто Црвено”, за која вели дека е инспирирани од вистинска животна приказна на Македонец, кој живее во странство, а го запознал на еден од неговите концерти.
-Во неврзаниот разговор, човекот ми ја раскажа неговата животна приказна, за која во тој момент освен што ја ислушав, не и дадов многу на значење, но по некое време почнав сѐ повеќе да размислувам за создавање на песна инспирирана од тој краток разговор, вели Лозано, кој заедно со Ена Цветковска и Лазар Цветковски го напишал текстот.
Музиката и аранжманот се на Цветковски, а режисер на спотот е Даниел Јовески.
Спотот е снимен на повеќе локации, а една од нив е и во Офицерскиот дом во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Лозано со нов хит „Бариера„
(Видео) Лозано објави нова песна „Маскенбал“, спотот е снимен во Венеција
Фото/видео: Промо