еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) За 4 дена најмалку 12 деца во Македонија повредени при предизвикот на ТикТок, „Супермен челинџ“

Бројот на повредени деца во Македонија од новиот вознемирувачки предизвик на социјалната мрежа ТикТок, „Супермен челинџ“, за период од четири дена е најмалку 12, и тоа само во скопско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Скопски средношколец заврши во болница: Вознемирувачкиот предизвик на ТикТок „Супермен челинџ“ стигна и во Македонија

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Климент Охридски“, доктор Небојша Настов за телевизијата Телма изјави дека во периодот од 2 до 5. декември како резултат на овој предизвик на Клиниката се примени 11 деца, од кои најмладото има 10, а најстарото 16 години.

Сите се пуштени на домашно лекување, а во два случаеви се работело и за скршеници.

Порталот Курир пак повикувајќи на Министерството за внатрешни работи информираше и за случај со осумгодишно дете кое се повредило при играњето на предизвикот во основното училиште во скопското село Зелениково.

Што е „Супермен челинџ“

Станува збор за предизвик во кој деца и тинејџери се снимаат како скокаат врз испружените раце на нивни врсници, имитирајќи го Супермен, кои потоа треба да се одбијат од рацете на врсниците и да застанат на подот исправени на нозе.

Но, како што може да се види од бројни снимки кои кружат на ТикТок, се случува децата намерно да не го прифатат врсникот кој скока врз нивните раце, за да падне, да тресне на подот и да се повреди, па токму поради тоа и завршуваат со фрактури.

Видео: Скопје1/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка регистрира раст на цените на становите

Редакција

Рудници Бањани ќе дели дивиденда

Редакција

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на Основиот суд Гевгелија за набавка на автомобил вреден 15.000 евра

Редакција