еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата во штипскиот затвор

Полицајци во затворот во Штип му помагале на затвореник да си ја најде дрогата, која претходно била фрлена во дворот на затворот.

Ги излажал дека бараат часовник, а станува збор за 35 грама кокаин и 50 грама марихуана.

Овие информации денеска ги соопшти директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов.

Настанот се случил на 20. февруари, а од истиот има и видео снимка од надзорната камера, на која се гледа како во 21:40 часот пристигнува возило, кое ја поминало првата и стигнало на втората капија, каде што затворскиот полицаец во дежурна, М.Т., не го запишал, иако бил должен да го направи тоа.

Од возилото излегува лице што доаѓа до ѕидот на самиот затвор и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореникот Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден затвореник – Р.К. и бараат нешто во тревникот.

Потоа дошол затворски полицаец кој им рекол дека треба да се вртат и да се оддалечат.

-По наредба на командирот, кој во тој момент е на смена Т.И., се повикани уште четворица затворски полицајци. Затвореникот Ж.Ж. и понатаму говори на телефон и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака.

И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски лампи се вклучуваат во барање на нештото, рече Пандов.

Следниот ден, откако за инцидентот дознал директорот на затворот, повторно се пребарувал дворот и била најдена дрогата.

Кога директорот ги прашал командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, нивното објаснување било дека затвореникот Ж.Ж., кажал дека кучката Цеца му украла часовник вреден 1.000 евра, додека си играл со неа.

Дрогата била пријавена во Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, а по наредба на директорот се формирала дисциплинска комисија, од пет члена, која на 28. март годинава одлучила дека затворските полицајци не се виновни.

-Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го бара часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено, кажа Пандов.

Според Пандов било пронајдено и возилото, како и двете лица што ја префрлаат дрогата во затворскиот двор.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Вучиќ беше со многу тежок наод на белите дробови, сочувство до семејството и најблиските

Редакција

Ретроспективната изложба на Васко Ташковски во Даут-Пашин амам, руши рекорди на посетеност

Силвана Жежова

Ревакцинирани вкупно 401.336 граѓани

Редакција