Синоќа во Базел, Швајцарија се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија, а пласман во финалето освоија Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина.
Во финалето кое ќе се одржи во сабота пласман веќе имаат домаќинот, Швајцарија, како и Италија, Шпанија, Германија, Франција и Велика Британија.
Во финалето не се пласираа Словенија, Хрватска, Кипар, Азербејџан и Белгија.
Втората полуфинална вечер е во четврток.
Македонија не настапува.
Евровизија може да следите на националната МРТ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.