еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

(Видео) Компанија на Илон Маск вгради мозочен чип кај човек

Компанијата „Неуралинк“ на американскиот милјардер, Илон Маск успешно вгради мозочен чип кај човек.

Уредот се вика „Telepathy“ (телепатија), а неговата цел е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и да се помогне во справувањето со сложените невролошки состојби.

Чипот е составен од 64 флексибилни нишки, потенки од човечко влакно, на дел од мозокот кој ја контролира намерата за движење.

Со помош од овие нишки, имплантот, кој е напојуван од батерија што може да се полни безжично, ги снима и пренесува мозочните сигнали безжично до апликација која декодира како личноста со чипот сака да се движи.

Чипот треба да овозможи со мисла да се контролираат уреди, како телефони и компјутери.

Фото/видео: Неуралинк/Х/Newschecker

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапува само мазутот, цената на бензините и дизелот останува иста

Редакција

Москва за изјавата на Бајден дека Путин е „воен злосторник“: „Неприфатлива и непростлива реторика“

Редакција

Денеска последен ден за купување граѓански обврзници од втората емисија

Редакција