еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Ослободен Џулијан Асанж, основачот на Викиликс

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (52) утрово излезе од затвор и ја напушти Велика Британија, информираа од Викиликс.

Како што пренесуваат светските агенции, тој постигнал договор со американските власти да се изјасни за виновен за кршење на американскиот закон за шпионажа, по што ќе може да се врати во неговата родна Австралија.

Тој признал вина за едно кривично дело – заговор за добивање и откривање доверливи документи за американската национална одбрана, за што ќе биде осуден на 62 месеци затвор, што веќе ги одлежа во Велика Британија.

Во 2010 година Викиликс објави стотици илјади доверливи американски документи за војната во Ирак и Авганистан, од кои се згроизи светот.

Неговата голгота траеше 14 години.

Видео: Викиликс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 14 лица, по пет од Скопје и Тетово

Редакција

Македонците преферираат да живеат во сопствени домови, Германците и Швајцарците во изнајмени

Редакција

Од Ковид-19 починаа 30 лица, тројца починале дома, најмладото на 25-годишна возраст

Редакција