еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Рама одржа собир во Атина со албанската дијаспора и ја потсети на лошиот однос на Грците кон неа

Во време на заладени односи помеѓу Албанија и Грција поради случајот со осудениот градоначалник на Химара, Фреди Белери, преставник на грчката заедница во Албанија, албанскиот премиер Еди Рама вчера во Атина одржа собир пред илјадници преставници на албанската дијаспора.

Присутните ги потсети и на лошиот однос на Грците кон нив кога дошле во Грција, но и подвлече дека Албанија нема претензии кон Грција.

На собирот се интонираше и албанската химна.

Посетата на Рама на Грција беше приватна.

Рама доби дозвола за одржување на собирот од грчките власти, тамошната опозиција беше против, а грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во телевизиско интервју рече дека собирот “не е баш во најсоодветното време“.

„Мислам дека темата доби малку повеќе публицитет отколку што навистина заслужува. Ако ме прашувате дали времето на оваа посета, неколку недели пред европските избори и со отворените прашања за грчкото национално малцинство во Албанија, е вистинскиот, ќе ви кажам дека не е баш најсоодветното време. Но, како и да е, да не му даваме и поголема важност“, рече Мицотакис во интервју за грчката телевизија Алфа.

Фото/видео: Рама/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Села го пречека Алими, кој излезе од од затвор каде одлежа шест години за настаните од 27 април

Редакција

Проф. Трајковски: Повеќе од половината од вакцинираните со кинеските вакцини се изложени на ризик и за нив веќе дошло време за примање на бустер доза

Редакција

Протекол кровот на Драмски театар, откажани престави

Редакција