Се гради подводниот тунел “Фемарнбелт“, најдолг во светот, кој ќе биде во должина од 18 километри.
Поставен е на дното на Балтичкото Море во ров широк 40 до 50 метри и длабочина од 12 до 15 метри.
Тунелот кој ќе ги поврзе Скандинавија и Централна Европа се планира да биде завршен во 2029 година.
Преку истиот патувањето од Данска до Германија со воз ќе трае 7 минути, а патувањето со автомобил 10 минути. Сега помеѓу двете земји патувањето со траект трае 45 минути.
Планирано е да има автопат со четири ленти и железничка линија.
Проект е вреден 8 милијарди долари.
На данска страна започна со реализација во 2020, а на германска следната година.
Фото: Промо/видео: FemernAS/The B1M
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.