Третиот напад на скопјанецот Раде Трајковски Штекли (40) останува во фокусот на јавноста, а засега нема нови информации за тоа кој стои зад истиот.
Како што е познато во дворот на семејната куќа на Трајковски во скопска Ќеримидница пред неколку дена експлодира бомба, а при нападот тој се здоби со полесни повреди и заврши во болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бомбата во дворот на Раде Трајковски Штекли била активирана далечински управувач
Порталот 4news.mk објави снимка, за која тврди, дека е од моментот на експлозијата на бомбата, а во истата се гледа и Трајковски и неговото куче, кое исчезна по експлозијата, а за чие наоѓање тој на социјалните мрежи понуди и парична награда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За третиот напад на Раде Трајковски Штекли пишуваат и српските и хрватските медиуми
Кој е Раде Трајковски Штекли, кој преживеа трет обид за ликвидација
(Видео) Нападот на Раде Трајковски Штекли бил најавен на ТикТок
Видео: 4news.mk