Централна кооперативна банка во првото тримесечје од 2024 година остварила добивка од 9.5 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.
-Во првото тримесечје од 2024 година, евидентиран е мал пораст на кредити на и побарувања од други комитенти во однос на крајот на годината, додека планот е исполнет со 100,3%.
Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 18,5% и помали во однос на планот за 14%. Позицијата вложувања во хартии од вредност е значително повисока во однос на крајот на претходната година, и повисока од планот за 8%.
Позицијата останати побарувања е пониска во однос на крајот од минатата година и во однос на планот за 70%. Оваа позиција во Билансот на состојба со крајот на годината е повисока како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот, која во декември 2023 година се исплатува однапред.
Позицијата нематеријални средства бележи пораст во однос на крајот на минатата година, кој се должи на вложувања во постоечки софтверски решенија, додека кај позицијата недвижности и опрема е забележано незначително намалување како резултат на континуирана амортизација на овие средства, велат од Банката.
На 31 март 2024 година, билансната вредност на издадените конвертибилни обврзници бележи пад во однос на крајот на минатата година како резултат на исплатената камата во текот на март 2024 година, посочуваат од таму.
-Позицијата депозити на банки е значително пониска во однос на претходната година како резултат на намалување на вложувањата од нерезиденти финансиски друштва.
Позицијата депозити на други коминтенти е повисока во однос на претходната година за 3,2%, и планот е исполнет и надминат за 1.6%. Планот е исполнет како кај депозитите на правни лица, така и кај депозитите на физички лица.
Во услови на растечка инфлација и општ пораст на каматните стапки во банкарскиот сектор, Централна кооперативна банка Скопје ги зголеми каматните стапки на депозитите што предизвика зголемување на расходите за камати за 73% во однос на истиот период минатата година, додека остварените расходи за камати во известувачкиот период се повисоки за 4,6% во однос на планираните, велат од Банката.
Растечката економска криза и инфлаторните трендови влијаеја врз пазарот на капиталот и соодветно врз политиките на регулаторот и се создадоа услови за прекин на континуираниот и долгогодишен тренд на намалување на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, велат од таму.
-Ефектите од ваквата промена на трендот се чувствуваат и во текот на 2024 година со пораст на вкупниот каматен пондер кај кредитите, при што Банката оствари повисоки вкупни приходи од камати за 28% во споредба со истиот период на минатата година. Притоа, Банката успева да го одржи стабилно портфолиото на постоечки кредити и да го задржи високиот квалитет на истото.
Во услови на силна конкурентска борба во текот на годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е повисок нето-каматен приход во однос на првото тримесечје на претходната година од 11,5%.
Заклучно со март 2024 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 4,7% во однос на истиот период минатата година, но понизок во однос на планираниот за 2,6%. Сепак во овој период има значителен пораст и на расходите од провизии за 23,1%, што придонесе кон намалување на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 4,5%, во однос на истиот период претходната година и 11,8% во однос на планот.
Позицијата трошоци за вработените бележи значителен пораст во однос на истиот период претходната година, но е на ниво на планираната за март 2024 година.
Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 6,5% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се пониски останати расходи од дејноста за 12,9%.
Останатите приходи од дејноста се незначително повисоки во однос на претходната година и се 10,6% повисоки во однос на планираните.
До март 2024 година реализирани се пониски нето–приходи од курсни разлики за 13,3% во однос на истиот период минатата година, но се речиси на ниво на планираните, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централна кооперативна банка со зголемена добивка