Вицепремиерот Арбен Фетаи на вонредно Собрание на крилото на поделената Алијанса за Албанците (АА), предводено од Арбен Тарвари е разрешен од партиската функција – претседател на Собранието на крилото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој останува во Владата и го напушти Таравари
Оваа следи откако Фетаи го напушти крилото на Тарвари и одлучи да остане во Владата.
За нов претседател на Собранието на крилото е избран Назим Таипи.
Поради одлуката за самостоен настап на престојните локални избори крилото на Тарвари прво излезе од коалицијата „Вреди“, а потоа и од Владата, но неколку функционери на крилото одлучија да останат во коалицијата или Владата.
И тие се исклучени од партиските функции на крилото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеничката Мимоза Муса од АА останува во „Вреди“, уште еден пратеник го напушта Таравари
Од над 50 функционери на АА на Тарвари засега само три оставки
Таравари изгуби, „Вреди“ доби пратеник
Фото: Влада