Владата нема да му префрли 250 милиони евра на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка, кој ги гради автопатите од коридорите 8 и 10д.
Од таму информираа дека на седница е укинат заклучокот на техничката влада од 13. јуни годинава со кој за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани, на изведувачот „Бехтел и Енка“ требало да му бидат префрлени дополнителни 252.699.474 евра.
Од Владата велат дека овие над 250 милиони евра не се планирани и обезбедени во Буџетот, што значи не се економски исплатливи и ќе предизвикаат финансиски импликации.
Оттаму најавуваат дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.