еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ја поништи одлуката за основање на Факултет за здравствени науки на Универзитетот на Мерко

Владата на седница ја поништи одлуката за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга на градоначалник Рамиз Мерко.

Од Министерството за образование и наука (МОН) информираа дека се поништува одлуката на претходното владино раководство кое дало одобрение на проектот за основање на факултетот и покрај тоа што не ги исполнувал законските услови, што, пак, е констатирано од надлежните институции по ревидирање на текот на постапката.

„Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската комисија 2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар.

Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту, пак, се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод“, информираа од МОН.

Поради бројните и сериозни недоследности, посочуваат од МОН, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, а Министерството го поништи решението за почеток со работа донесено од претходниот министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има Медицинскиот факултет на Универзитетот на Мерко

На Медицинскиот факултет на Мерко неможе да се запишат студенти, не се исполнети условите

Универзитетот на Мерко доби дозвола од Шаќири да се студира и медицина

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтин за два, Екстра лесното масло за два и пол денари

Редакција

„Другите земји се враќаат во нормала, ние немаме каде да се вратиме“: Твитер реакции за растот на случаи со корона вирусот

Редакција

Штипските здравствени работници чекаат насоки за имунизацијата против коронавирусот

Редакција