За шеф на Канцеларијата на премиерот Христијан Мицкоски е назначен Владимир Нелоски, а за негов заменик Саше Павлоски.
Нелоски има завршено на Економскиот факултет и е магистер на Правниот факултет „Јустинијан први” од областа на корпоративното право. Тој е советник во Град Скопје. Бил претходно вработен во Агенцијата за електронски комуникации и има богато искуство во менаџирање со процеси и човечки ресурси, велат од Владата.
Саше Павлоски завршил на Економскиот Факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Тој има повеќегодишно работно искуство во Владата и искуство од менаџерско работење и делување, велат од Владата.
Бил и член на Надзорен одбор на МЕПСО и претседател на Управниот одбор на Национален парк „Маврово”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Игор Јанушев нов генерален секретар на Владата
Ивица Томовски е нов директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата
Елена Петрова е нова директорка на УЈП
Фото: Игор Бансколиев