Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во Берлин, Германија, на маргините на состанокот на Берлинскиот процес, имаа кратка средба со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис.
Информацијата на социјалната мрежа Х ја сподели грчкото Министерство за надворешни работи, а во нивно друштво е и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Во македонската делегација е и вицепремиерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјите од Западен Балкан од 2025 до 2028 година треба да создадат единствен регионален пазар
Мицкоски во Берлин на состанок на шефови на влади на земјите од Западен Балкан
Фото: грчко МНР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.