Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Скопје, вчера од струја биле исклучени фрижидер и комора во кои се чуват реагенси, меѓу кои и за актуелната епидемија – голема кашлица.
Се работи за фрижидер и комора кои се наоѓаат на Одделот на микробиологија, на Бактериологија.
Тие, како што информираше денеска в.д. директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, биле исклучени директно од бушони.
-Има две разводни табли во тој ходник, а во тој ходник поминуваат сите коишто работат во овој дел и отворени се разводните табли, рече Андоновска, која се сомнева на саботажа.
-Тоа е претпоставка, ние оставаме тоа да се испита, дали е случајно, дали е намерно, оставаме да се испита, рече таа.
За неа симптоматично е што од разводните табли со стотина осигурувачи, спуштени се само оние поврзани со фрижидерот.
-Овие две разводни табли, каде што практично беше исклучен осигурувачот, се разводни табли каде што има стотина осигурувачи, беа спуштено само оние поврзани со фрижидерот. Дали е случајно или намерно, не знам, јас само ја информирам јавноста.
Ние случајот уште вчера го пријавивме до државните институции и јас искрено верувам дека тие ќе си ја завршат својата работа и ќе констатираат дали е ова диверзија или случајност, кажа таа.
Таа рече и дека за пристап до комората клуч има само еден вработен, а дали има и други клучеви неможеше да потврди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството истражува дали имало саботажа во ИЈЗ
Фото: Унсплеш