еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Во ТРИ започна Зимскиот фестивал на книгата: Месец на попусти и промоции

Под слоганот „Прекривка од топли зборови“, во сите книжарници на ТРИ и онлајн на www.kniga.mk традиционално започна Зимскиот фестивал на книгата што ќе трае до крајот на месецот, информираат од таму.

Освен фестивалски цени на сите изданија на ТРИ и на Паблишер, има и одлични понуди совршени за секој читател, како акција на пет или на три книги за 500 денари.

Покрај новите наслови што неодамна пристигнаа во ТРИ, како „Крвавата месечина“ од Ју Несбе, „Бидете полезни“ од Арнолд Шварценегер и водечките книги во областа на психологијата – „Одмотајте го клопчето на анксиозноста“ од Џадсон Бруер и „Престанете да размислувате прекумерно“ од Ник Третон, се очекуваат и други новитети.

Авторката на „Планината си ти“ (апсолутен хит во последната година) ќе пристигне со нов наслов – „Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување“, Џули Смит за првпат ќе се појави на преводната сцена со „Зошто никој не ми го кажал ова порано“, а трилер-писателот Стив Кавана го имаме со нова приказна – „Фифти-фифти“, велат од таму.

Сите наслови и понудата можете да ги проверите во Каталогот на следниот линк – shorturl.at.

Зимата е секогаш сезона на книгољупците и читањето, но овој пат ни е попотребна од кога било. Книгите се безбедно место и одличен начин да останеме дома.

Во текот на Фестивалот се планираат и средби со автори и промоции, за кои читателите ќе бидат дополнително известени.

Во ТРИ ги очекуваат сите читатели да се подготват за долга и студена зима со топли четива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 24 медали за „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на трите најголеми светски вински натпревари ова лето

Редакција

Зоолошката градина добива Бејби зоо за најмладите

Редакција

Убава вест: Собрани средствата за операција на ногата на Љуљета Адеми

Редакција