еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во јули имало дури 765 пожари

Минатиот месец во Македонија имало дури 765 пожари, бројка која е историски рекордна.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели заменик-директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.

Просечно во јули имало и триесетина пожари на ден.

-Со оглед на тоа дека пожарите почнаа активно да се појавуваат некаде после 10. јули, следствено на тоа излегува дека во просек дневно имало по над 30. пожари, бројки кои сами по себе фрапираат.

Ова не се обични бројки, ова се бројки кои сериозно треба сите да не замислат и загрижат.

Се надевам дека во периодот кој што претстои пред нас ќе броиме и нижиме убави работи, а не катастрофи какви што ни ги приредија пожарите со своите огромни размери.

Најважно од се, борбата која што изминативе деноноќија ја водевме на терен покажа дека Македонија може да се гордее со своите синови и ќерки, напиша тој на Фејсбук.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 82-годишен пациент со Алцхајмер не му даваат 4.711 денари за нега од друго лице, му рекле можеш сам

Редакција

Обвинителството нема да ја гони Канческа-Милевска, ја отфрли кривичната поднесена од Финансиската полиција

Редакција

Колкава плата имал лани Бобан Гоговски, генералниот директор на Тетекс

Редакција