еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори

Врховниот суд на американската држава Колорадо му забрани на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп учествo на претседателските избори во оваа држава, бидејќи на 6. јануари 2021 година извршил “востанички активности“.

Од неговиот изборен штаб одлуката на Судот ја нарекоа недемократска и најавија дека ќе ја обжалат, пренесуваат локалните медиуми.

Одлуката се заснована на дел од Уставот внесен во 1868 година, кој спречува избрани државни функционери кои кренале востание против САД да дојдат на власт.

И други судови низ САД се подготвуваат да донесат слични одлуки, пренесуваат тамошните медиуми, а ако тоа се случи, тој можеби ќе има сериозен проблем да осигура републиканска номинација и да учествува и победи на претседателските избори во ноември следната година.

Фото: Трамп/фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска треба да почне судењето за Палевски и останатите четворица обвинети за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Редакција

Нова трагедија во Србија: 21-годишник уби осум лица, 15 се ранети 

Редакција

Договорот за изградба на коридорите ќе биде доставен до Обвинителството

Редакција