еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Силјановска се поклони пред гробот на Св. Кирил во Рим

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова која е во Рим, Италија, поради чествувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј денеска присуствуваше на молбен во чест на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто ги славиме Кирил и Методиј

Истиот го отслужија Владиката Пимен и Владиката Тимотеј со претставници од МПЦ-ОА.

-Оддадовме почит на делото на апостолот заслужен за културниот развој на сите словенски народи.

Кирил порачал дека јазикот е код за разбирање, дека треба да се разбираме, да се обидеме да се слушаме, да се помагаме. Кога вака доаѓаме едни по други, има ли поголем доказ дека тој на ум имал обединување на сесловенскиот свет. Тој им припаѓа на сите и мислам дека неговата порака е хумана порака.

Посебна убавина на настанот му даде присуството на нашите луѓе од Италија, па дури и од Австрија. Свети Кирил и овде нѐ обедини, напиша таа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска и Радев нема да се сретнат во Рим

(Фото) Што му подари Силјановска на Папата Франциск

(Галерија) Силјановска во Ватикан на аудиенција кај Папата Франциск

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Ако има неправилности во тендерската постапка и нема заштеда, подготвени сме да ја поништиме

Редакција

Протестен марш за „Јавна соба“: Жртвата никогаш не е виновна, доста беше молк

Редакција

Вкупно 2.715: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција