На местото на поранешна „Пошта“ во Карпош 1, спроти Центар за старнски јазици, се отвори кафулето Mambo, кое што е фенси маалско место.
Ентериерот на амбиентот е во топли земјени бои, кои предизвикуваат чувство како да се сте среде природа. Уреден минималистички и со стил, секој гостин се чувствува пријатно.
Стакленикот, идеално би се вклопил во претстојната зимска идила.
„Кралот“ на пијалоците, кое ова кафуле го нуди е џинот, кое ги задоволува вкусовите и најприбирливите уживачи на овој пијалок.
Местото е идеално за опуштено кафе со пријателите преку ден, како и за вечерно излегување на по „една пијачка“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.