еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Годишната стапка на инфлација во јуни забави и изнесува 3,2%, оценува Народна банка

Годишната стапка на инфлација во јуни позначително забави, пред сѐ во делот на прехранбената и базичната компонента и изнесува 3,2%, беше заклучено на редовната седница на Народна банка, информираат од таму.

„Во однос на цените на примарните производи на берзите, најновите прогнози се ревидирани умерено надолу, но тие и натаму се доста променливи, а нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори и натаму создаваат неизвесност и ризици за следниот период.

Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на монетарната политика. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јули беше донесена одлука за задржување на истите основни каматни стапки (по намалувањето за 0,25 п.п. во јуни), со што и натаму се задржува затегнатоста и претпазливиот карактер на монетарната политика,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Растот на економијата 1,2%, поумерено од очекуваното, велат од Народна банка

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 22 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

И Вангелов, член на македонскиот дел од мешовитата Комисија со Бугарија се огради и ги осуди изјавите на Заев

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи 5.000 акции во ОКТА, сега поседува 82.1% од вкупниот број

Редакција