еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Голема роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда најнов модел на хибриден автомобил

Започна роденденската атмосфера во Diamond Mall, информираат од таму.

Во пресрет на одбележувањето на првиот роденден на Diamond Mall, под мотото „Дијамантскиот сјај ти носи среќа без крај“, почна наградна игра, која ќе трае до 19. октомври годинава.

Главната награда е автомобил PEUGEOT NLU 3008 Allure HIBRID, кој штотуку пристигна на македонскиот пазар и е најнов модел на автомобил со хибриден погон. Ќе бидат доделени и две парични награди во вредност од 50.000 денари, четири парични награди од 25.000 денари и осум парични награди во вредност од 12.500 денари.

За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони.

Деталите за наградната игра се достапни на веб страницата на Diamond Mall diamondmall.mk.

Во октомври годинава Diamond Mall ќе одбележи една година од своето постоење. Со својот уникатен концепт на „лајф-центар“, покрај атрактивната шопинг понуда, Diamond Mall е место што нуди различни опции за едукација и забава за деца и млади во „Зоната на соништата“ (Dream Zone) со површина од 7.000m². Во рамки на трговскиот центар делува и „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), која за кратко време стана едно од најомилените места за забава и добра храна, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро: Двајца осудени на доживотен затвор, се уште се во бегство

Редакција

Вучиќ: Србија е најдобар пријател на Македонците, ги сакаме и ништо не бараме од нив, освен да бидеме пријатели и браќа

Редакција

За налепниците и регистарските таблици со „NМК“, МВР склучи договор со „Квантум“ вреден 2,3 милиони евра

Редакција