еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран, велат од Општина Центар

Од Општина Центар информираат дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улицата „Белградска“ не се во надлежност на Општината.

Од таму велат дека за тоа постојат законски акти и одлуки.

„Со одлука на Совет и Договорот, склучен меѓу Град Скопје и Општина Центар, на 5.8.2019 година, градските власти ја преземаат обврската за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на следниве улици на подрачејто на Општина Центар: Белградска, Востаничка, Св. Кирил и Методиј, Димитрие Чуповски, Лазар Личеновски, Македонија, Митрополит Теодосиј Гологанов, кеј Димитар Влахов, Пролет, Васил Ѓоргов и Самоилова,“ велат од Општина Центар.

Во договорот децидно стои „Општина Центар се обврзува да не презема активности кои би ги попречиле или нарушиле проектирањето, изградбата, користењето, заштитата и одржувањето на наведените сообраќајници во Општината.“

„Овој проблем се провлекува со години и постојано одговорот е ист, безбедноста и функционалноста на „Белградска“ не е наша надлежност. Центарот за управување со кризи и пред две години алармираше за состојбата со потпорниот ѕид кај Универзитетската клиника за детски болести и безбедноста на улицата „Белградска“.

На нивна иницијатива, Министерството за здравство посочи дека за санацијата е потребна координирана активност на јавните претпријатија на Град Скопје. И тогаш, Општина Центар, на 30.12.2022, децидно одговори дека безбедноста и одржувањето на „Белградска“ согласно Договорот од 05.08.2019, е обврска на Град Скопје. Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше, дециден е градоначалникот Горан Герасимовски.

Согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица „Белградска“, што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје, а Општина Центар не смее да презема активности во тој домен, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Министерство за здравство се оградува од проблемот со паднатиот потпорен ѕид позади Детска клиника

(Видео+Фото) Се урна дел од потпорен ѕид на улицата над Детска клиника: Во опасност се човечки животи, но и имот

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Озонската обвивка се обновува, дупката на Антарктикот се намалува

Редакција

Во домот на скопјанец откриени над половина килограм марихуана, смола од хашиш и пиштол

Редакција

Никакво затоплување на повидок: Денеска попладне локален пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција