Калина, девојка со посебни потреби која живее во Шпанија, а е од Скопје деновиве доаѓа да си ги посети семејството. Потребна е помош околу нејзини прошетки низ Скопје.
„Драги помагачи. Мајка сум на Калина, девојка со посебни потреби која живее во Мадрид, Шпанија. Повремено доаѓаме во посета на семејството во Скопје. Во текот на посетите ни е потребна помош (од девојка, студентка) која има дозвола со возило и би можела да ја зема Калина на прошетки до градскиот скопски парк или друго интересно место.
Омилениместа на Калина за прошетка се централниот град во Скопје (на лулаштките, на каруселотво близина на стадионот, на Школка, ако има концерт во моментот) или на лулашките кај ресторанот Александар Палас.
Калина е невербална, подвижна е, сака лулање, музика и прошетки.Првата следна посета ни е од 23. март до 5. април, 2024. Потоа ќе дојдеме во летните месеци (јули и август).
За повеќе информации можете да ми пишете на [email protected] за контакт со мајката или телефонски да разговарате со баба и на Калина на 070 333 347.
Благодарам, Емилија Георгиевска-Наневска, мајка на Калина,“ се вели во постот на Фејсбук.
Фото: Unsplash