Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 30.07.2024 година во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во селото Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, при што двајца пожарникари се здобиле со повреди.
Од Итна медицинска помош им била укажана помош, по што биле пренесени во болницата во Кавадарци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.