еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Девет активни пожари во Македонија, четири под контрола

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека во текот на вчерашниот ден во Македонија имало 43 пожари, од кои девет се активни, четири се под контрола и 30 се изгаснати.

Се уште се активни пожарите во Општина Пехчево, во селото Негрево, Општина Старо Нагоричане, во селата Малотино и Жегљане, Општина Кратово, во селото Татомир, Општина Македонски Брод, во селата Тажево и Брезница, крак кон Јасен кон раставувачи за струја, Општина Свети Николе, во селата Горно и Долно Ѓуѓанци, Строиманци, Ранченци, Општина Пробиштип, во селата Зелениград и Јамиште, Општина Пробиштип, во селата Стрисовци и Барбарево, Општина Пласница, во селото Пласница, проширен кон селото Латово, Македонски Брод и Општина Кочани, во селото Пресека.

Под контрола се пожарите во Општина Демир Хисар, Илинска Планина, Општина Кочани, во селото Главовица и Пониква, Општина Свети Николе, во селото Орел кон селото Мездра и Општина Свети Николе во селото.Ерџелија.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обилните дождови ја заматија водата за пиење во Гостивар и Тетово

Редакција

По апсењето за аферата „Рекет“: Ќе ја отклучи ли Боки 13 „Пандорината кутија“?

Редакција

Три медицински сестри од штипската Клиничка болница ставени во изолација

Редакција