Министерството за здравство информираше дека денеска уште пет од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување од Србија, по што согласно протоколот тројца пациенти ќе бидат под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, еден во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, а еден на сопствено барање лекувањето ќе го продолжи во приватната клиника „Жан Митрев“.
Во Македонија во моментот се лекуваат вкупно тројца повредени, од кои во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ еден, а во приватната болница Систина двајца повредени.
Во текот на утрешниот ден е најавено враќање на еден повреден од Белгија, кој ќе биде под опсервација на Клиниката за пластична хирургија.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.