еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Деспина Ванди дополнително ги вжешти односите меѓу Грција и Турција

Една од најпознатите грчки пејачки Деспина Ванди ги вжешти и така лошите односи помеѓу двете земји членки на НАТО, Грција и Турција, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Освен бројните пожари и високите температури, главна тема во Грција, но и во Турција е откажувањето на концертот на Ванди од нејзина страна во Чешме, Турција.

Имено Деспина дојде во Чешме, каде требаше да има концерт организиран од Turkish Education Foundation, но во последен момент го откажа концертот, бидејќи на сцената имало големо знаме на Турција и постер од Кемал Ататурк, кој во Турција важи за татко на Републиката, а во Грција тој се смета за главен виновник за „геноцидот“ на Грците во Турција.

Деспина побарала да се тргне постерот на Ататурк, турското знаме не и пречело, побарала ако веќе има турско, да има и грчко знаме, но организаторите не се сложиле, по што таа од безбедносни причини со помош на турската полиција уште истата вечер ја напуштила Турција, а во меѓувреме социјалните мрежи, но и медиумите во двете земји “експлодираа“ со осуда од турска страна и пофалби од грчка страна.

Очекувано во приказната се инвловираа и бројни грчки и турски политичари.

Фото: Фејсбук/Деспина/видео: MAD TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Првпат во државата во клиника Жан Митрев имплантирана валвула на белодробната артерија без отворање на градниот кош

Редакција

Бегалецот Артан Груби за брзо време ќе биде уапсен?

Редакција

Од понеделник наплата на патарините на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип

Редакција