Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот се намалува за 1 денар, и истиот ќе се продава за 74 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цената на Еуросупер 95 се намалува за 0,5 денари и сега ќе се продава за 81 денари по литар.
Цента на Еуросупер 98 се намалува исто така за 0,5 денари и сега ќе се продава за 83 денари по литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.