еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Од вечерва на полноќ, цената на дизелот се намалува за 1,5 денар за литар, а цената на бензините останува иста, одличи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Литар дизел со новата одлука ќе се продава за 71,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 70,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 80 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 82 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,734 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот и таа ќе изнесува 42,475 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска за коментарите за нејзиниот изглед: Не дека немам попривлечни фотографии во бикини, ама не прифаќам да бидам инспирација на мажите

Редакција

Детална листа на неработни денови: Во 2021 година пет продолжени викенди за сите граѓани

Редакција

Топ 5 највисоки плати во декември

Редакција