Од Основното јавно обвинителство денеска информираа дека државниот обвинител Љупчо Коцевски иницирал диспиплинска одговорност за шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој од претходно е веќе суспендиран, и за вишиот обвинител Јован Цветановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за јавниот обвинител Хајрулахи за малтретирање и негова суспензија од функцијата
Како што информираа од Обвинителството, во четири предмети Цветановски се откажал од жалбa или обвинение. Согласност за ова во три предмети му дал неговиот шеф Хајрулахи.
Дисциплинската за Хајрулахи е и поради неправилности при заведување на предметите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на обвинителот Хајрулахи
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.