Во првите три месеци од годинава Европа АД Скопје остварила вкупни бруто приходи од 244.461.397 денари и истите се зголемени за 17,3 % во однос на бруто приходите од 2023 година за истиот период, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Вкупните оперативни приходи во овој период се зголемени за 12,1 % во однос на истите во 2023 година. Останатите приходи се намалени за 31 %, а кај финансиските приходи зголемувањето е 11,6 % во однос на 2023 година.
Вкупните расходите се зголемени за 13,3% во однос на минатата година. Оперативните расходи овој период се зголемени за 13,5 %, а финансиските расходи се намалени за 48,8 % во однос на 2023 година.
Компанијата остварила добивка во износ од 14.593.776 денари и истата е поголема во однос на претходната година за 133,8%.
-Остварениот резултат во првиот квартал од 2024 година се должи на зголемувањето на вкупната продажбата за 12,1 % во однос на истиот период минатата година, како и од зголемувањето на производството за 23,8 %, кое е оптеретено со трошоци за енергија со пониски цени од минатата година.
Намалувањето на финансиските расходи е резултат на фактот дека компанијата не е кредитно задолжена во првиот квартал од работењето од 2024 година и истите имаат позитивен ефект на остварениот финансиски резултат, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција
Европа лани со намалена добивка за 20%