еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани од 14 јануари

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, при што таа го информирала дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, информираат од Владата.

Иако премиерите на Македонија, Србија и Албанија неодамна договорија слободен влез на граѓаните, поради влошување на состојбата со Ковид-19, Србија повторно ги имаше воведено ПЦР-тестовите за македонските граѓани.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Дирекцијата за заштита и спасување за набавка на пикап

Редакција

Детален преглед: Какви новини носи предлог-законот за јавни набавки?

Редакција

Инфективното одделение во Штип се наполни за два дена, 54 лица зависни од кислород

Редакција